Вашингтон очекувано се најдоа во плеј-офот. Очекувано само ако не сте прателе НБА сезонава. Ова нивно учество е големо изненадување, ако се знае дека 66 натпревари одиграа без својот суперстар Гилберт Аринас. 20 натпревари одиграа и без својата втора ѕвезда Керон Батлер и пак се пласираа. Ова ќе им биде нивното 4то учество по ред во плеј-офот. И оваа година најверојатно во плеј-оф ќе играат со Кливленд, тоа ќе им биде три пати по ред и тоа пак во првата рунда. Дали најпосле ќе ги поминат, ќе видиме. Во сезоната 2005/06 нивниот дуел во плеј-офот беше еден од најинтересните дуели во историјата на НБА. Кливленд победи со 4-2, а дури 4 натпревари се решаваа во продолжение.
Како се пласираа Вашингтон во плеј-оф и вака ослабнати!?! Тоа изгледа на никој не му е баш јасно. Целиот товар после повредата на Ариснас го превземаа Батлер и Џејмисон. И двајцата имаа неколку феноменални партии и беа добри предводници на тимот во отсуство на Агентот 0. Батлер сезонава имаше просек нешто над 20п по натпревар. Имаше и три натпревари на кои оствари трипл-дабл учинок.

Сите ги отпишуваат Вашингтон, но треба да се пази на нив во плеј-офот. Имаат трио кое на секој натпревар постигнува над 60п и имаат далеку поискусен тим од претходните години. Лани беа елиминирани само затоа што Батлер и Аринас беа повредени, па Џејмисон не можеше сам, но оваа година покажаа дека и така можат да победуваат. Ако не па имаат позитивен скор со Бостон сезонава 3-1 и тоа без Аринас. Првото коло според мене треба да го поминат.










