Се рабира ќе беше големо изненадување ако бранителите на титулата од лани не се пласираа во плеј-оф. Сан Антонио ја продолжуваат серијата од 11 по ред учества во плеј-офот. Ова е најдолгата активна серија во НБА. 11 сезони по ред Спарс имаа над 60% учинок. За овие 11 сезони имаат и 4 финалиња во НБА и сите ги добија. Грег Попович создаде династија со Данкан. 1999, 2003, 2005 и 2007 се годините кога Спарси се радуваа. Значи досега немаат одбрането титула! Ќе продолжат со традицијата или ќе ја срушат!?!

Пак се се врти околу триото Данкан, Паркер и Џинобили. Но, разликата со останатите ѕвезди во НБА е што ако на некој не му оди од овие тројца не ја форсира, ги остава другите да играат. Тоа е она тимското што го имаа оваа екипа, а останатите го немаат. За сето ова да биде како што треба се грижи феноменалниот стратег и можеби моментално најдобриот тренер во НБА – Грег Попович. Тој можеби  е и најдобрата алка во овој тим. Секоја чест за вадењето на максимумот од играчите , за дисциплината во играта на својот тим, за мотивираноста.

Џинобили е играчот кој блескаше сезонава, особено во првиот дел од сезоната. Ја имаше убедливо својата најдобра сезона откако е во НБА. Ги надоместуваше лошите изданија и на Данкан и на Паркер и самиот ги победуваше противничките екипи. Тој е срцето на Сан Антонио. Кога се решава натпреварот топката секогаш е кај Џинобили. До февруари имаше околу 21п по натпревар. Инаку се на се сезонава има 19.6п по натпревар и е најдобар стрелец во Спарс. Против Кливленд имаше carier high 46п, со Минесота имаше 44п вклучувајќи го и решавачкиот кош. Ова се големи бројки за еден играч ако се знае дека повеќето од натпреварите ги започнуваше од клупата. Ќе беше и еден од главните кандидати за МВП сезонава ако повторно во старата форма не се вратеа Данкан и Паркер. Всушност и Данкан беше константен, Паркер имаше мали падови во играта, но таква е неговата игра отсекогаш.  Недостасуваше подршката од остатокот од тимот, Финли и Брус Бовен. Недостасува Брент Бери во тимот, исто така и Хори, играч со солиден шут кој ќе го искористи удвојувањето на некој од ѕвездите. Овие двајца се повредени. Се засилија на центарската позиција со искусниот Курт Томас, за него го дадоа Франциско Елсон. Го активираа и Дејмон Стадемаер, но сепак е далеку од тоа што бил некогаш. Сепак може тоа искуство да се покаже на некоја утакмица. Треба да се спомене и Аргентинецот Оберто кој е замена на високите позиции и е голем работник, тимски играч и одлично се вклопува во тимот.

Спарс исто како и претходните години кога освојуваа титули тешко дека ќе ја одбранат и оваа. Дефинитиво оваа година треба да биде крај на династијата на Сан Антонио. Треба да се реновира тимот. Треба да се помлади под итно. Основата пак ќе биде Данкан, Паркер и Ману, ама остатокот треба да се смени, пошто веќе сите се во години и уште една – две сезони максимум да играат.