
Играта на Кливленд се базира на инспирацијата на феноменалниот ЛеБрон Џејмс. Кралот се наметна како најдобриот индивидуалец што моментно игра во НБА и еден од најдобрите индивидуалци на сите времиња. Едноставно типот е незапирлив. Има одличен физикус, цврст, силен, со неверојатен одраз и големо чувство за играта. Му треба само малку да го поправи шутот и ќе биде навистина незапирлив. Годинава ја игра најдобрата негова сезона. Лидер е во НБА според бројот на поени над 30 по натпревар. На сето ова додадете и над 8 скока и над 7 асистенции по натпревар. Имаше 7 натпревари со над 40п од кои 2 беа над 50п.
.jpg)
После трампата со Чикаго и Сиетл донесоа прилично солидни кошаркари во своите редови, но и дадоа добри кошаркари. Сепак мислам дека беше добар потег да се ослободат од Дру Гуден, Лери Хјуз и Дониел Маршал, а за нив да ги донесат Џо Смит, Воли Шчербијак, Делонте Вест и Бен Валас. Може не требаше Биг Бен да го земат пошто повеќе им пречи него што им е од помош, но што е тоа е. Освен ЛеБрон другите се скоро тука некаде според своите квалитети па така тешко е да се пронајде вистинската петорка. Според мене треба да се проба со Шчербијак како стартер, бидејќи таков и играч му треба на Џејмс како подршка некој со солиден шут. Треба да се спомнат и играчите од старата гарда крилата Варежао и Павловиќ, како и тројкашот Дејмон Џонс. Може се просечна екипа вака наизглед, но со ваков лидер се е можно.
Значи второ коло максимум. Кливленд(ЛеБрон) = Филдалфија(Ајверсон).










