Стршлените се најголемото изненадување сезонава. Може се очекуваше да се пласираат во плеј-оф, да го фатат последниот воз, но дека ќе го завршат регуларниот дел од НБА како лидери на запад, тоа никој не го очекуваше, па може ни они самите. Ова ќе им биде прво учество во плеј-офот откако се преферлени на запад. Претходните три години не успеваа да се пласираат.

Овој висок пласман  ни малку не е заслужен. Тоа е за уште поголема почит ако се знае каков беше западот годинава. Да бидеш прв (беа лидери кога беше пишуван текстов) на така квалитетен запад треба и да да имаш квалитетни играчи. Хорнетс тоа го имаат. Нивни лидер е малиот Крис Пол. Неверојатен плеј. Експлозивен, брз, снаодлив, одлично чуство за додавање, добар шут, срце и храброст во решавачките моменти. Сето тоа го прави еден од најдобрите плејмејкери во НБА во моментов, а оваа сезона беше и најдобар тоа дефинитивно. Еден од можните освојувачи на МВП титулата на регуларниот дел. Сезонава Крис Пол има погодено или асистирано на 47% од шутевите на Њу Орлеанс што значи дека пола кошеви од 100те колку што постигнуваат Хорнетс сезонава одат на негово конто. Па видете сега колку вреди овој играч. Или во бројки 11.4ас и 21.4п по натпревар. Како втор играч на Хорнетс сезонава се наметна Дејвид Вест. Одлично крило со многу мека рака, одличен одраз и добар во одбраната. Годинава го докажа ланското солидно издание, па дури и се подобри. Имаше 20.4п и 9с по натпревар со што си го обезбеди првото учество на алл-стар натпреварите. Петорката ја дополнуваат снајперот Стојаковиќ, кој ако се распали тешко кој може да го задржи и затоа е добра подршка на овие двајца во случај да бидат удвоени. Неговото отсуство ланската сезона во тимот може и да се гледа како клучно зошто Њу Орлеанс не отидоа во плеј-оф. На центарската позиција е Тајсон Чендлер. Човекот задолжен за одбрана и скоковите во екипата и за завршување на цепелините(додавањата) на Крис Пол. Тука е и уште Морис Питерсон кој е задолжен за одбрана т.е чување на најдобриот противнички бек, за да се растеретат Пол и Стојаковиќ во нападот. Кога на оваа прилично солидна петорка ќе се додадат Џенаро Парго и Бонзи Велс двајца одлични бекови шутери, Њу Орлеанс имаа страшна екипа.

Како ќе поминат сезонава Њу Орлеанс е стварно тешко да се прогнозира, од една едностава причина, што на западот нема аутсајдери, секој секого може да победи. Сепак ја се надевам на финале на запад. Навистина го заслужија тоа со игрите прикажани сезонава. Останува да видиме. Мене ќе ми бидат лични фаворити на западот.