Репторс малку потешко од очекувањата се пласираа во плеј-оф, но сепак се наоѓаат таму. Ова ќе им биде второ учество по ред. Лани иако има предност на домашен терен сепак беа елиминирани од Њу Џерси со 4-2 уште во првата рунда. Лани го имаа најдобриот скор досега во НБА, 47-35 и ја освоија Атлантик дивизијата.

Малку потешко се пласираа поради повредите и отсуството на двајцата најдобри кошаркари на Торонто, како и поради неконстантноста во играта на дел од играчите. Повеќето од нив не беа на нивото од ланската сезона. Започнувајќи со нивниот најдобар играч Крис Бош. На стартот имаше неколку натпревари на кои блескаше, не се запираше, а наредната никаде го немаше. Истото се случуваше и со Ти-Џеј Форд. Таман влезе во ритам врза неколку добри натпревари, се повреди и пропушти околу 35 натпревари за својата екипа.

Тоа значеше дека повеќе товар ќе паѓа на Бош, но и на “вториот” плеј Шпанецот Калдерон. Бош го прифати предизвикот и одигра феноменални 2 месеца. Во јануари беше и прогласен за играч на месецот на истокот. Имаше одлични 27.7п и 8.8 с по натпревар. Во овие два месеца имаа 10 порази. Но тогаш се повредува и Бош. И доаѓаат тешки денови за Торонто. На 11натпревари колку го немаше, Торонто забележа 9порази.

Тоа време се врати Форд, но Сем Мичел се реши предност да му даде на Калдерон на плејмејкерската позиција, бидејќи претходно 8-та на Рапторс се покажа како одличен организатор на тимот. Додека Форд беше отсутен имаше над 14п и 9ас по натпревар. Што беше прилично солиден учинок за еден плејмејкер. Дури се дебатираше за негово учество на алл-стар викендот.

Најголемо разочарување според мене беше 1от пик на ланскиот драфт Италијанецот Барњани. Тој на почетокот на сезоната беше катастрофален и тоа траеше до моментот кога Бош се повреди. Ја искористи таа шанса и покажа дека знае да одигра ако му се укаже прилика. Сепак лани беше одличен и со него во тимот. Треба да се споменат уште и стартниот бек Ентони Картер, кој одигра прилично солидна сезона. Стартната петорка ја дополнува учесникот на овогодинешниот слам-дунк натпревар крилото Џамарио Мун.

Треба да се споменат центарот Нестеровиќ, шутерот на тројки Џејсон Капоно, работникот на теренот Карлос Делфино, како и  центарот Крис Хампрејс кој имаше неколку солидни натпревари сезонава.

Се на се Торонто имаат прилично добара прва постава, но доброто е што имаат доста солидна клупа, може една од најдобрите во НБА. Играчи кој можат да бидат и стартери. Затоа е може и неконстантноста во резултатите. Не се знае на кој ќе му тргне. Треба сите да се испробаат.  

Во плеј-оф, сезонава Торонто пак ништо. Мислам дека ќе запрат на првото коло. Сепак треба да се знае кој е кој во екипата. За да направат изненадување и да дотуркаат до второ коло, нема шанси. Нема да бидат лесен залак на како што стои Орландо, но нема да ги поминат.