Кошаркарите на Атланта се вратија во победнички колосек по три натпревари совладувајќи го Орландо со 95-83.


До 54-та победа сезонава „јастребите“ стигнаа со пресврт во последната четвртигна, која им припадна со 27-12.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за 22 минути на теренот имаше учинок три поени и четири скокови.

Најпрецизен во победничкиот состав беше Пол Милсап со 25 поени и 11 скока додека во Орландо најефикасен беше Елфрид Пејтон со 19 поени.

Мх.П.