Лидерот во НБА лигата, Атланта експресно му се врати на победите совладувајќи го тимот на Вашингот со 105-96.


Македонскиот интернационалец Перо Антиќ постигна девет поени, а додаде уште шест скокови и една асистенција.


Токму таа асистенција на Антиќ ја крена салата нозе кога позади грб асистираше до Кајл Корвер, кој ја „скина“ мрежичката од тројка.


Во 41-та победа сезонава најпрецизен беше Џеф Тиг со 26 поени, а „верна сенка“ со 21 кош беше Ал Хорфорд.

Мх.П.