Кошаркарите на Голден Стејт со триумф над Њу Орлеанс (111-95) ја започнаа новата во сезона во која ќе имаат задача да ја одбранат титулата во НБА лигата.


На првиот меч сезонава на домашен терен „воините“ и официјално беа крунисани за нови шампиони во најсилната кошаркарска лига во светот.

Стефан Кари сезонава продолжи онаму каде што застана минатата и во првиот натпревар постигна 40 поени, а додаде уште 5 асистенции и скокови.


На премиерниот натпревар победи забележаа Детроит и Чикаго совладувајќи ги Атланта 104-96 односно Кливленд 97-95.

Мх.П.