Кошаркарите на Кливленд и Сан Антонио со победи на домашен терен над Индијана (109-108) односно Мемфис (111-82) ги започнаа натпреварите во плејофот во најсилната лига во светот, НБА.
„Коњаницата“ потешко од очекувањата стигна до воведната победа над „пејсерси“ кои му пружија одличен отпор на шампионот, наспроти „мамузите“ кои разликата во квалитетот ја демонстираа во првиот меч од серијата подобар до четири победи.
Резултати: Кливленд – Индија 109-108 (1-0), Милвоки – Торонто 97-83 (1-0, Сан Антонио – Мемфис 111-82 (1-0), Јута – Лос Анџелес Клиперс 97-95 (1-0).
OhridNews