Денис Џонсон, трикратниот НБА шампион со Бостон Селтикс и Сиетл Суперсоникс, почина вчера од срцев удар на возраст од 52 години.

Џонсон имаше 13 годишна играчка кариера, а потоа беше и тренер. Имаше 5 Алл-Стар настапи и деветпати беше избиран во најдобрата дефанзивна постава на лигата. За себе има изјавувано дека „е победник“ и дека го остава срцето на паркетот.


Од славните денови со Бостон Селтикс

Се пензионираше од активно играње на 35 – годишна возраст во сезоната 1989-90 како 11-ти играч во историјата кој постигнал повеќе од 15.000 поени комбинирано со повеќе од 5.000 асистенции. Лендата на Бостон, Лари Бирд за него изјави дека е „најдобриот играч со кого играл заедно“.

NBA.com

С. Костоски