Лидерот на Истокот во НБА лигата, екипата на Атланта Хоукс загуби од актуелниот шампион Сан Антонио со 95:114.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра 18 минути и имаше учинок од 11 поени, три скока и две украдени топки. Најефикасни кај Атланта беа Пол Милсап со 22 и денис Шредер со 18 поени.
Сан Антонио го предводеа Тијаго Сплитер со 23 поени, односно Кавај Ленард со 20 поени, 10 скока и 7 асистенции, но клучен играч во победата беше Борис Дијао кој 15 од своите 17 поени постигна во третиот период.
Тренерот на Атланта Мајк Баденхолзер не го дочека крајот на мечот бидејќи беше исклучен поради две технички грешки.
„Макфакс“