Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и неговата екипа Атланта претрпеа пораз од Бостон (89-88) со кош примен во звукот на сирената.


„Јастребите“ против „селтикси“ загубија речиси добиен натпревар откако во последната четвртина стартуваа со двофифрена предност.

„Детелините“ го анулираа водството и со кош на Еван Тарнер во последните мигови од средбата стигнаа до победата.


Антиќ имаше скромен учинок од еден поен во третиот пораз во шестиот натпревар додека најефикасен беше Ал Хорфорд со 22 поени.

Мх.П.