Кошаркарите на Бруклин Нетс ја забележаа првата победа во плејоф серијата совладувајќи го составот на Атланта Хоукс (91-83) во третиот натпревар.
„Мрежичките“ со триумфот ја намалија предноста на „јастребите“ на (2-1) и следниот натпревар пак го играат пред своите гледачи.
Антиќ имаше речиси идентичен скор од вториот натпревар постигнувајќи седум поени за 18 минути поминати на теренот.
Резултати : Бруклин – Атланта 91-83 (1-2), Милвоки – Чикаго 92-90 (1-3), Голден Стејт – Њу Орлеанс 109-98 (3-0).
Мх.П.