Кошаркарите на Атланта Хоукс со пораз од Торонто 109-102 ја започнаа новата сезона во НБА лигата.


Во поразот во „Еир Канада“ центарот воопшто не се појави македонскиот интернационалец Перо Антиќ, кој целиот натпревар го преседа на клупата.


Корвер, Тиг и Скот реализираа по 20 поени кај „јастребите“, а тимската игра им донесе триумф на „репторси“ во првиот натпревар сезонава.

Мх.П.