Вицешампионот во НБА лигата Кливленд имаше крајно неочекуван почеток на мечевите од плејофот, откако пред своите гледачи претрпе висок пораз (98-80) од Индијана во првата рунда од првата серија на Истокот.

„Пејсерси“ максимално го искористија летаргичниот почеток на Леброн Џејмс и компанијата и уште од стартот на мечот се одлепија на двоцифрена позитива. И покрај сите обиди на „коњаницата“ разликата беше голема и недостижна. 

Победи на домашен терен во првата рунда забележаа Селтик совладувајќи го Милвоки (113-107), Оклахома триумфирајќи во дуелот со Јута (116-108) и Хјустон кој со тесни 104-101 победи против Минесота.

Резултати: Селтик – Милвоки 113-107 (1-0), Кливленд – Индијана 80-98 (0-1), Оклахома – Јута 116-108 (1-0), Хјустон – Минесота 104-101 (1-0).

OhridNews