Кошаркарите на Кливленд го направија првиот чекор кон финалето во НБА лигата победувајќи ја Атланта (97-89) во првиот натпревар од финалната серија во Истокот.


„Јастребите“ кои серијата ја отворија пред своите одиграа слабо второ полувреме постигнувајќи само 38 поени што и беше пресудно за поразот.

Дутото на „коњаницата“ Леброн Џејмс и Џеј Ар Смит искомбинираа 59 поени, а голема поддршка двоецот имаше од Томпсон, Мозгов и Ирвинг кои реализираа двоцифрен број на поени.

Единствен расположен кошаркар за игра во тимот на Атланта беше Џеф Тиг, кој уфрли 27 кошеви. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ за десет минути на теренот не успеа да се запише во листата на стрелци.

Мх.П.