Кошаркарите на Хјустон во четвртиот натпревар од финалната серија на Западот ја забележаа првата победа совладувајќи го Голден Стејт со 128-115.
Со триумфот „ракетите“ ги задржаа шансите за пласман во големот финале од НБА лигата, но против нив ја имаат и традицијата која вели дека никој тим не се вратил од негатива 3-0.
Џејмс Харден пружи фантастична партија постигнувајќи 45 поени, а додаде уште 9 скокови. Џо Смит реализираше 20 кошеви, Томас Ариза застана на 17 поени, а Хаувард и Џонс запипишаа по 14. Во составот на „воините“ Клеј Томпсон беше најпрецизен со 24 поени, а најдобриот играч во тимот Стеф Кари реализираше 23 кошеви.
Петтиот натпревар се игра на теренот од Голден Стејт што им дава можност со победа пред своите гледачи да го прослават пласманот во финалето.
Мх.П.