Кошаркарите на Хјустон со тесниот триумф (97-96) над Голден Стејт во третиот меч намалија на 2-1 во серијата и се вратија во игра.
„Рекетите“ овој пат го искористија не играњето на Стеф Кари кој се повреди на првиот меч, а не го одигира ниту вториот кој неговиот кошаркари го добија.
Џејмс Харден со 35 поени беше најпрецизен во составот на Хјустон, а во тимот на „воините“ Спејитс реализираше 22 кошеви.
Резултати: Далас – Оклахома 102-131 (2-1), Индијана – Торонто 85-101 (2-1), Хјустон – Голден Стејт 97-96 (1-2).
OhridNews