Тимот на Сакраменто Кингс ќе го испрати Предраг Стојаковиќ во легендите откако решија да го повлечат неговиот дрес (16) од употреба.

– Годините кои ги поминав играјќи во дресот на Сакраметно беа најдобри во мојата кариера. Имав одлични соиграчи и многу сум среќен за се што успеавме да направиме – рече Стојаковиќ.
Неговиот дрес ќе биде повлечен на 16 декември на дуелот со Оклахома Тундер во арената од Сакраменто.
Пред пет години „кралевите“ го повлекоа дресот со број 21 кој го носеше Владе Дивац, а сега друштво ќе му прави дресот од Стојаковиќ со број 16.
Мх.П.










