Кошаркарите на Хјустон се посрамотија во шестиот натпревар од серијата со Сан Антонио претрпувајќи пораз (114-75) пред своите гледачи. „Мамузите“ со убедливиот триумф стигнаа до четвртиот во серијата и со вкупен биланс 4-2 се пласираа во финалето на западот каде силите ќе ги одмерат со Голден Стејт.


„Ракетите“ предводени од Џејмс Харден порфрлија кога беше најпотребно. Првата виолина во Хјустон имаше катастрофален поентерски учинок постигнувајќи само 10 кошеви.

„Мамузите“ во манир на голема екипа ги искористија сите аномалии и немилсрдно го полнеа кошот на домаќините кои беа неми посматрачи на гостинската симултанка. ЛаМаркус Олдриџ реализираше 34 поени, Симонс 18, Милс 14, а двоцифрен учинок имаа уште Мареј, Грин и Гасол.

Финалната серија на западот започнува за два дена, а домаќин прв ќе биде составот на Голден Стејт.

OhridNews