Екипите на Сан Антонио и Кливленд забележаа победи во вторите мечеви од четвртфиналните серии против Хјустон 121-96 односно Торонто 125-103. „Мамузите“ со триумфот изедначија на 1-1 во серијата, додека „коњаницата“ поведе со 2-0.


Сан Антонио комплетно отпорот на „рекетите“ го скрши во последниот квартал кој го доби со убедливи 20 поени (33-13). До тогаш домаќините имаа водство, но гостинските кошаркари одржуваа резултатска баланс. Во тимот на Сан Антонио се истакна Ленард со 34 кошеви, додека во Хјустон, Андерсон постигна 18 поени, а ноќ за заборав имаше Харден кој реализираше за него скромни 13 поени.

 
Шампионот во НБА лигата, Кливленд доминатно стигна до втората победа во серијата против „рептилите“. Леброн Џејмс и дружината ги добија трите четвртини и последната ја одиграа во лер дозволувајќи му на Торонто да го ублажи поразот. Џејмс со 39 поени беше најпрецизен во победничкиот состав, а голема помош доби од Ирвинг кој застана на 22 поени. Кај гостите Литванецот Валанчиунас уфрли 23 кошеви.

 
Резултати: Кливленд – Торонто 125-103 (2-0), Сан Антонио – Хјустон 121-96 (1-1).

OhridNews