Кошаркарите на Бостон и Оклахома ја забележаа првата победа во плејоф мечевите совладувајќи ги Чикаго (104-87) односно Хјустон (115-113) во третата рунда од првата серија.


„Детелините“ одиграа три маестрални четвртини кои се покажаа доволни за убедлива победа (104-87) против „биковите“ и враќање на еден од двата „брејкови“.


Тимот на Оклахома до првата победа во серијата стигна во неизвесна завршница. Играта на нерви им припадна на домаќините кои постигнаа кош повеќе за триумф 115-113.


Резултати: Чикаго – Бостон 87-104 (2-1), Оклахома – Хјустон 115-113 (2-1), Јута – ЛА Клиперс 106-111 (1-2).

OhridNews