Екипата на Атланта Хоукс пред своите гледачи ја совлада Индијана со 102-92 и ја забележа првата победа во новата сезона.


Перо Антиќ, кој го имаше дебито сезонава постигна седум поени, а додаде уште два скока и две асистенции за 20 минути игра.


Македонскиот интернационалец сеуште игра со заштитна маска, но тоа не го спречи да прикаже солидна партија.

Мх.П.