Составот на Оклахома во третиот меч стигна до првиот триумф во четвртфиналната серија со Портланд победувајќи со 120-108, додека на гостински триумф се израдуваа Торонто и Бостон кои славеа над Орланд 98-93 односно Индијана 104-96.

Клучна улога во првиот триумф на Оклахома одигра Расел Вестбурк. Првата виолина во екипата постигна 33 поени, а додаде уште 11 скокови и 5 асистенции. Оклахома со победата намали на 2-1 во серијата, а во следниот меч на домашен терен ќе може да изедначи.

Кошаркарите на Бостон се доближија на чекор од пласман во полуфиналето, откако во дуелот со Индијана стигнаа до третиот триумф. „Детелините“ на гостување во Индијана славеа со 104-96.  Торонто повторно поведе во серијата со Орландо совладувајќи ги „магичинте“ со 98-93. „Рептилите“ со гостинскиот триумф одново ја презедоа контролата во четвртфиналната пресметка.

Резултати: Орландо – Торонто 93-98 (1-2), Индијана – Бостон 96-104 (0-3), Оклахома – Портланд 120-108 (2-1)

OhridNews