Кошаркарите на Голден Стејт со тесен триумф (106-105) намалија 3-2 во финалната серија и ја расипаа шампионската забава во Торонто. „Рептлите“ не ја искористија првата „меч топка“, а следниот меч се игра во Оракл арената.

Петтиот натпревар во големото финале помина најизедначено и највозбудливо за разлика од претходните четири. Две од четирите четвртини завршија егал. Голден Стејт во првата оствари предност од шест разлика, а Торонто во четвртата успеа да надополни пет поени и да остане покус за еден кош.

Триумфот во петтиот меч на Голден Стејт падна во сенка, откако потешка повреда заработи Кевин Дурант. Популарниот „Кеј ди“ ја повреди ахиловата тетива и за него финалната серија завршена, а под знак прашалник е неговиот настап следната сезона.

OhridNews