Екипите на Кливленд, Голден Стејт и Чикаго се пред полуфинална промоција во конференциите победувајќи во третиот натпревар во првата рунда од плејоф серијата.
Сите три екипи победите ги забележаа на гостински терен, а веќе во следниот натпревар имаат „меч топка“ за пласман во полуфиналето.
Резултати : Њу Орлеанс – Голден Стејт 119-123 (0-3), Милвоки – Чикаго 106-113 (0-3), Бостон – Кливленд 95-103 (0-3).
Мх.П.