Второпласираниот тим во источната конференција Атланта со 90-85 го совлада составот Милвоки.


Со оваа победа „јастребите“ му се реваншираа на Милвоки, кој пред два дена им го нанесе најтешиот пораз сезонава.

Во тимот на Атланта се врати Перо Антиќ, кој поради повреда пропушти два натпревари. Тој имаше ефект од три поени, една блокада и пет скокови.

Мх.П.