Составите на Хјустон и Јута стигнаа на чекор од пласман во следната рунда од плејофот во НБА лигата, откако славеа во четвртиот меч за водство 3-1 во сериите со Минесота (119-100) односно Оклахома 113-96.

Натпреварите изобилуваа со голема и тензична борба, а повеќе возбудувања имаше на дуелот помеѓу Јута и Оклахома. При крајот на мечот ситуацијата ескалираше, но за среќа без поголеми инциденти и последици. Судиите после прегледувањето на снимките изрече казни и ги смир страстите на теренот.

Резултати: Минесота – Хјустон 100-119 (1-3), Јута – Оклахома 113-96 (3-1)

OhridNews