Екипата на Бостон закажа средба со тимот на Кливленд во финалето на источната конференција, откако во полуфиналната серија во пет натпревари со вкупен резултат 4-1 ја елиминираше Филаделфија.
„Детелините“ до четвртиот триумф вреден финале стигнаа пред своите гледачи со тесен резултат 114-112. Во финишот од мечот „детелините“ успеаја да го свртат резултатот во своја полза, а гостите не го реализираа последниот напад за победа, која ќе им донесе нова надеж во серијата.
Џејсон Татум со 25 поени и Џајлен Браун со 24 кошеви беа најпрецизни во составот на Бостон, додека Дарио Шариќ односно Џоел Ембид постигнаа по 27 поени во тимот на Филаделфија.
По комплетирањето на финалните двојки Бостон – Кливленд и Хјустон – Голден Стејт почнуваат завршните и највозбудливите битки во плејофот од НБА лигата.
OhridNews