На четирите натпревари кои се одиграа синоќа во рамките од плејофот во НБА лигата победи забележаа домашните екипи. Со триумф првата фаза од разигрувањето ја отворија Портланд, Миловки, Хјустон и Бостон.

Најдоминатни победи извојуваа Милвоки и Хјустон кои славеа со убедлива предност над Детроит (121-86) односно Јута (122-90). Портланд со 104-99 ја совлада Оклахома, а во крајно не` ефикасен меч што е реткоски во НБА, Бостон со 84-74 беше подобар од Индијана.

Резултати: Милвоки – Детроит 121-86 (1-0), Хјустон – Јута 122-90 (1-0), Бостон – Индијана 84-74 (1-0), Портланд – Оклахома 104-99 (1-0).

OhridNews