Долгогодишниот сопственик на Хјустон Рокeтс, Лесли Александер, решил да го продаде тимот.

Една од причините за одлуката да се повлече од кошарката е желбата на Александер да се занимава со филантропски активности и да минува повеќе време со семејството.

Александер стана сопственик на Хјустон Рокитс во 1983 година, кога за оваа франшиза плати 85 милиони долари. Во текот на 90-тите години од минатиот век Хјустон успеа да освои две шампионски титули (1993, 1994).

Според магазинот „Форбс“, вредноста на франшизата изнесува 1,6 милијарди долари.

„Макфакс“
OhridNews