Кошаркарите на Голден Стејт и Бостон со победи ја отворија четвртфиналната серија во НБА лигата, откако славеа против Јута (106-94) односно Вашингтон (129-119).


Во составот на „воините“ поентерски не се одлепи никој и дури пет кошаркари имаат двоцифрен учинок на поени на крајот од натпреварот. Кари уфрли 22 поени, Грин и Дурат по 17, Томпсон 15, а Пачулија 10 што беше доволно за почетно водство во серијата со „џезерите“.


На „детелините“ им беа потребни дополнителни пет минути да го совладаат тимот на Вашингтон кој пружи одличен отпор во регуларниот дел натпреварот. Во петте минути домашните кошаркари постигнаа 15 поени, а примија само 5 и стигнаа до прва победа во серијата подобар до четири.

 
Резултати: Бостон – Вашингтон 129-119 (1-0), Голден Стејт – Јута 106-94 (1-0).

OhridNews