Францускиот кошаркар во дресот на Сан Антонио, Тони Паркер влезе во историјата во НБА лигата одигрувајќи го 1000-от натпревар.
Јубилејот, плејмејкерот го круниса со победа над Мајами (95-81) и стигна до рекордната 718 победа во НБА лигата.
– Кога ќе погледнете низ историјата во НБА какви имиња имаат влезено во клубот 1000 мојот учинок изгледа импресивно. – рече Паркер.
Францускиот репрезентативец воопшто не знаел дека за него ова 1000-ти натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот.
– Искрен да бидам не знаев ништо. Пријателите ми рекоа и цел ден луѓето ми честитаа. – додаде Паркер.
Тој со „мамузите“ има освоено четири титули во НБА лигата, еднаш беше МВП на финалните натпревари и шест пати дел од Ол стар викендот.
Мх.П.