Кошаркарите на Кливленд ја зголемија предноста на 2-0 во полуфиналната серијата со Торонто, откако победија со 128-110 и во вториот меч на гостински терен.
Торонто кој имаше најдобар скор на источната конференција во регуларниот дел од сезоната немаше одговор за двоецот Леброн Џејмс – Кевин Лав кој искомбинира 74 поени. Џејмс на 43-те поени додаде неверојатни 14 асистенции и осум скокови, додека Лав 11 скокови и 2 асистенции. Најрасположени за игра во составот на Торонто беа Демар Дероузан и Кајл Лоури кои уфлрија 24 односно 21 поен.
Серијата во едното од двете полуфиналиња на истокот се преселува на теренот од Кливленд, кој, ако продолжи во ваков ритам конферецинско финале ќе обезбеди по четири натпревари.
Резултати: Торонто – Кливленд 110-128 (0-2), Бостон – Филаделфија 108-103 (2-0).
OhridNews