Екипата на Торонто Репторс пред своите гледачи го пречека составот на Мемфис Гризлис, во кој настапува поранешниот кошаркар на канаѓаните Винс Картер.
Картер повеќе од успешно шест години го носеше дресот на „репторси“ и стана нивни незаборавен миленик.
Тимот пред почетокот на натпреварот му приреди топло добре дојде пуштајќи документарец во „Аир Канада“ центарот, кој го расплака Картер.
Победата на овој натпревар им припадна на домаќините совладувајќи го составот на Мемфис со 96-92.
Мх.П.