Екипата на Торонто Репторс славеше победа 126-115 над тимот на Атланта Хоукс каде настапува Македонецот, Перо Антиќ.
Македонскиот интернационалец постигна пет поени за 17 минати на паркетот и не им помогна на соиграчите да го избегнат шестиот пораз сезонава.
Покрај неуспехот „јастребите“ сеуште имаат позитивен скор од седум победи и шест порази што ги сместува го горниот дел од табелата во југоисточната конференција.
Мх.П.