Кошаркарите на Торонто во третиот меч со Кливленд во финалната серија на Истокот ја забележаа првата победа совладувајќи го противникот со 99-84.
„Рептилите“ со овој триумф намалија на (2-1) во финалната серија и возвратија половина од ударот на Кливленд од првите два мечеви.
Перфектен меч одигра Демар де Розан кој уфрли 32 поени, а додаде уште 5 скокови и 4 асистенции. Ловри постигна 20 кошеви, а уште Јозеф, Питерсон и Керол имаа двоцифрен учинок.
Во составот на Кливленд се истакнаа Леброн Џејмс и Џеј Ар Смит кои заедно искомбинираа 46 кошеви.
Следниот четврти натпревар во финалната серија на Истокот исто се игра во „Еир Канада Центарот“ во Торонто.
OhridNews