Тимот со најдобар скор во регуларниот дел од сезната, Голден Стејт стартуваше со победа 108-100 во финалето против Кливленд.


„Воините“ до првиот триумф пред своите гледачи во финалната серија стигнаа по продолженија откако мечот по многу возбудувања заврши 98-98.

Петте дополнителни минути комплетно им припаднаа на домаќините кои постигнаа десет поени наспроти два на гостите и ја забележаа првата победа.


Плејот на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 26 кошеви надополниети со четири скока и осум асистенции. Томпсон реализираше 21 поен, а Игудала, Грин и Барсен ја минаа двоцигрената граница.

Леброн Џејмс имаше фантастичен учинок од 44 поени, но поддршка имаше само од Ирвинг (23п.) и центарот Мозгов (16п.).

Мх.П.