Кошаркарите на Чикаго и Лос Анџелес Клиперс го искористија домашниот терен и со 2-1 поведоа во плејоф сериите со Кливленд односно Хјустон.
„Биковите“ со поените на Дерик Роуз со звукот на сирената го совладаа тимот на Кливленд со 99-96 додека клиперси забележаа полесен триумф победувајќи 124-99.
Вечерва на програмата се третите натпревари од сериите меѓу Вашингтон – Атланта (1-1) и Мемфис – Голден Стејт (1-1).
Мх.П.