Кошаркарите на Бостон поведоа со 1-0 во финалната серија на истокот победувајќи го Кливленд со убедливи 108-83 (36-18, 25-17, 17-29, 30-19) во првиот натпревар.
„Детелините“ фуриозно го започнаа натпреварот и најдоа одговор за Леброн Џејмс кој не успеа да се разигра. Добрата одбрана овозможи лесни поени и големо водство 36-18 после првата четвртина. Ниту во втората не остапи домашниот состав од агресивната игра за убедлива предноста од 26 поени.
Дел од негативата гостите надополнија во третиот квартал кој им припадна со 29-17, но сите дилеми домаќините ги решија во последната четвртина која добија со 30-19 за конечна победа 108-83.
Џајлен Браун со 23 поени беше најпрецизен кај Бостон, а после него следуваат Маркус Морис со 21 и Ол Хорфорд со 20 кошеви. Во тимот на Кливленд, Лав реализираше 17, а Џејмс скромни за него 15 поени.
OhridNews