Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ и неговата екипа Атланта со пораз од Вашингтон 104-98 ја започнаа полуфиналната серија во источната конференција.


„Јастребите“ премиерниот натпревар од серијата со „магионичарите“ го загубија поради лошата игра во третиот и четвртиот квартал каде постигнаа само 35 поени.

Антиќ имаше солидна минутажа на теренот поминувајќи повеќе од 19 минути. Во нив македонскиот интернационалец постигна пет поени, а додаде уште пет скокови.

Најпрецизен во составот на Вашингот беше Бредли Бил со 28 поени, а кај Атланта најефикасен беше Де Мари Керол со 25 кошеви.


Вториот натпревар од серијата подобар до четири се игра на 6 мај во раните утрински часови.

Резултати : Атланта – Вашингтон 98-104 (0-1), Голден Стејт – Мемфис 101-86 (1-0).

Ohridnews