Кошаркарите на Вашингтон, Хјустон и Голден Стејт максимално го искористија домашниот терен на стартот од плејофот во НБА лигата победувајќи ги двата воведни мечеви против Атланта, Оклахома и Портланд.
„Визардси“ за водство 2-0 ги совладаа „јастребите“ со 109-101, додека „рекетите“ со тесни 115-111 славеа против составот на Оклахома. Најлесна и најубедлива победа забележаа „воините“ кои со 29 разлика (110-81) го совладаа Портланд.
Серијата во овие три двојки се префрла кај екипите кои во двата претходни дуели беа гости.
Резултати: Вашингтон – Атланта 109-101 (2-0), Хјустон – Оклахома 115-111 (2-0), Голден Стејт – Портланд 110-81 (2-0).
OhridNews