Кошаркарите на Вашингтон и Бостон поведоа во сериите со Атланта односно Чикаго (3-2) победувајќи на домашен терен (103-99) и (108-97) во петтата рунда од плејоф серијата.
Вашингтон во изедначен натпревар подобро се најде од тимот на Атланта, додека „детелините“ триумфот над „биковите“ го обезбедија со одличен финиш во четвртата четвртина која ја добија со 29-16.
Со победите во петтата рунда Вашингтон и Бостон со брејк на гостински терен ќе обезбедат пласман во 1/4 финалето, а во случај на пораз решавачкиот натпревар го играат на домашно тло.
Резултати: Вашингтон – Атланта 103-99 (3-2), Бостон – Чикаго 108-97 (3-2).
OhridNews