Екипите на Вашингтон и Бостон се нови учесницни во 1/4 финалето од НБА лигата, откако успешно со идентичен скор (4-2) ги минаа Атланта односно Чикаго.
„Визардси“ и „биковите“ до одлучувачката четврта победа во сериите стигнаа на гостински терен триумфирајќи со 115-99 односно 105-99.
Во седми меч или популарно во мајсторка пласманот понатаму ќе го решаваат Јута и Лос Анџелес Клиперс кој успеа со брејк победа (98-93) да обезбед натпревар пред своите гледачи.
Вашингтон за влез во најдобрите четири ќе се сретне со Бостон, додека подобриот од Јута и Клиперс ќе ги одмери силите со Голден Стејт.
Резултати: Атланта – Вашингтон 99-115 (2-4), Чикаго – Бостон 83-105 (2-4), Јута – ЛА Клиперс 93-98 (3-3).
OhridNews