Возбудувања какви што се очекуваат од НБА плејофот донесе седмиот натпревар во полуфиналето на Источната конференција помеѓу Бостон и Кливленд.

Двобојот Џејмс (45)– Пирс (41) го доби Ле Брон , но детелините се пласираа во финалето каде ги чека Детроит. За прв пат во својата историја Бостон се пласира во финалето без гостинска победа во серијата.

Финалната серија започнува вторник спрема среда.Серијата подобар од седум ќе започне на паркетот на најдобрата екипа во сезоната Бостон.

Вечерва ќе биде познат вториот патник во Западното финале. Во седмиот натпревар Њу Орлеанс го пречекува шампионот Сан Антонио .

ohridnews