Екипата на Атланта Хоукс и Перо Антиќ забележаа нова победа во НБА лигата овој пат над Портланд 115-107.


Антиќ во триумфот над „блејзерси“ уфрли 10 поени, а имаше уште три скокови за 22 минути на паркетот.


„Јастребите“ кои се на врвот од источната конференција не престануваат со високиот лет, кој ги однесе на првата позиција.

Мх.П.