Екипата на Голден Стејт и во вториот натпревар пред своите гледачи забележа победа над Хјустон (99-98) и поведе во финалето од Западот со 2-0.


Најдобриот играч на Хјустон, Џејмс Харден имаше напад за победа, но не успеа упати удар откако добро одиграа одбрана домашните кошаркари.

Предводникот на „воините“ очекувано е Стеф Кари со 33 поени, а поддршка доби од Богут (14 поени) и Томпсон (13 п.), а залудни беа 38-те кошеви, и десетте скока на Харден.


Следните два натпревари во финалето од западот ќе се одиграат на теренот Хјустон.

Мх.П.