Со победата над Сан Антонио Спарс кошаркарите на Голден Стејт Вориорс стигнаа до 72-та сезонава и го изедначија рекордот на Чикаго Булс предводен од најдобриот кошаркар на сите времиња Мајк Џордан.


„Воините“ покрај рекордот на „биковите“ успеаја да го срушат митот за непобедливост на „мамузите“ на домашен терен кој трае од почетокот на сезоната.

Очекувано, Голден Стејт до победа го носеше Стеф Кари со 37 поени од кои 20 ги постигна во вториот дел. Кари и дружината ќе имаат уште еден меч да го подобрат рекордот кој моментално има двајца сопственици.

OhridNews