Кошаркарите на Голден Стејт повторно поведоа во финалната серија на западот (2-1) победувајќи го Хјустон со убедливи (126-85) во третиот меч на кој домаќин беше актуелниот шампион.
„Воините“ со високиот триумф срушија неколку рекорди, кои датираа од времето кога Мајкл Џордан и Чикаго Булс жареа и палеа во НБА лигата. Голден Стејт стигна до 14-от триумф по ред на домашен терен, а успеа да забележи најубедлива победа во последните 20-тина години.
„Ракетите“ во третиот меч од серијата имаа можност да го видат во вистинско светло Стеф Кари кој брилираше во второто полувреме. Во третата и четвртата четвртина Кари постигна 26 поени со само два промашени удари, а стандарден учинок имаше Кевин Дурант (25п). Кај Хјустон со 20 поени мечот го заврши Џејмс Харден.
Четвртиот натпревар во финалната серија на западот се игра на теренот од Голден Стејт кој има шанса да го капитализира „брејкот“ на почетокот од дуелот.
OhridNews