Екипата на Голден Стејт е првиот патник во големото финале во НБА лигата. „Воините“ во конференциското финале на западот со 4-0 го елиминираа Портланд и обезбедија пласман во финалето и шанса да ја одбранат титулата освоена минатата сезона.

Голден Стејт до четвртиот триумф во дуелите со Портланд стигна со тесна победа после продолжение 119-117 (36-35, 29-34, 22-26, 24-16, 8-6), откако регуларниот дел заврши без победник. Во дополнителните пет минути кошаркарите не се истакнаа поентерски, а во таков развој на настаните подобро се снајде гостинскиот состав.

Најзаслужен за победата и пласман во финалето на Голден Стејт е Стеф Кари. Тој со своите брилијатни игри го надополна отсуството на Кевин Дурант. Кари во четвртиот триумф постигна 37 кошеви, а додаде уште 11 асистенции и 13 скокови. Во тимот на Портланд се истакна Ленард кој реализираше 30 поени.

Во финалето од НБА лигата, Голден Стејт ќе се сретне со победникот од серијата Торонто – Милвоки. Моментално, предност има составот на Милвоки 2-1.

OhridNews